V I A T O R & V E K T O R

Транспорт

Додека малите збирни пратки обично се консолидираат во складишта заради економски бенефиции, продуктот V&V Cargo Direct е наменет за поголеми пратки каде што консолидацијата и манипулацијата не се возможни односно истите се неосновани. Продуктот е достапен за класите на товар: Генерал и АДР Карго.

V&V Cargo Direct е брзо и флексибилно решение за вашите пратки поголеми од 2.500 кгр.

Имате помалку товар од што собира во еден камион? Побарајте понуда за V&V Cargo Direct и оптимизирајте ги трошоците за превоз.

Продуктот V&V Cargo Max Ви овозможува да го исполните целиот камион само со Ваша стока и истата да биде превземена од адресата на испраќачот и доставена до бараната адреса. V&V Cargo Max е поволен за масовни пратки и за клиенти кои што имаат големи количини на стока. Продуктот е достапен за сите класи на товар: Генерал, Фриго и АДР Карго.

Една од за Вас најважните карактеристики на V&V Cargo Max е неговата сигурност. Возилата што ги ангажираме за превоз на V&V Cargo Max одговараат на највисоките стандарди во модерната логистика: одговорни и точни возачи, 24 часовна достапност за позиција на возилата, следење на возилата по GPS уред и ЦМР осигурување.

V&V Cargo Max долги години успешно го користат голем број на наши клиенти од автомобилската, прехрамбената и металопреработувачката индустрија.

Продуктот Cargo Express е специјално дизајниран да ги исполни и најкритичните рокови на испорака како и достава во последен момент “last minute delivery”. Со користење на комбиња кои одговараат на највисоките стандарди во модерната логистика ги исполнуваме Вашите барања. Продуктот Cargo Express долги години го користат нашите клиенти од автомобилската индустрија.

Немате време?
Не очајувајте! Тука е V&V Cargo Express. Побарајте не и сето останато е наша грижа.

Домашна дистрибуција

За потребите на нашето работење пред се заради продуктот V&V Pallet Network, како и дополнителните услуги во складирање, кои што се речиси секогаш пропратени со достава на пратката до адресата на клиентот, имаме поставено дистрибутивна мрежа низ цела Македонија.

Збирните пратки што пристигнуваат во увоз, се истовараат во наше царинско складиште и се доставуваат по нивно царинење. За територија на град Скопје пратките се доставуваат во рок од 24 часа по нивно увозно царинење. За преостанатите градови низ Македонија пратките се доставуваат во рок од 48 часа по нивно увозно царинење.

Во случаите кога увозното царинење не може да се царини во Скопје (Пр. привремен увоз) пратките се доставуваат со Т1 до одредената царинарница. Доставата на пратки под Т1 е ценовно поскапа во споредба со доставата на веќе царинети пратки пред се заради тоа што во Македонија не е можно мешање на царинска и нецаринска стока при достава како и дополнителните реални трошоци (трошоци за Т1 и трошоци за терминал).

Збирните пратки кои што се наменети за извоз треба да бидат извозно царинети или во Скопје или на граничен премин. За територија на град Скопје колекција се изведува во рок од 24 часа пред тргнување на збирната линија во извоз, а за преостанатите градови во Македонија колекција се изведува во рок од 48 часа пред тргнување на збирната линија во извоз.

Со помош на нашите партнери можеме да ги пренесеме вашите мали пратки насекаде низ светот.

Air Cargo продуктот Ви овозможува сами да го изберете паритетот »door to door«, »door to airport«, »airport to door« со вклучени трошоци за царинско застапување, изработка на документација и складирање.

V&V Seа Cargo Max Ви нуди прилагодливи решенија за Вашите контејнерски транспорти. За поголема заштита Ви нудиме решенија на EXW и FOB паритети со што во секое време имате точна информација за пристигнување на Вашиот контејнер.