V I A T O R & V E K T O R

Царинење

Виатор & Вектор Скопје има долгогодишна традиција во царинското застапување и транзитната постапка. Со вкупно 47 лиценцирани царински застапници од страна на Царинска Управа на Република Македонија, 15 испостави низ цела Македонија и со изготвени повеќе од 60.000 царински декларации Виатор & Вектор Скопје е една од најголемите шпедитерски компании во областа на царинското застапување во Македонија.

Погледнете ги нашите шпедитерски услуги и изберете како можеме да Ви помогнеме.

Кога имате потреба од увозно или извозно царинење во редовна или привремена постапка, без разлика на бројот на тарифни наименованија, се што треба е да ни дадете полномошно и да ни доставите тековна состојба за вашата компанија.

Сето останато е наша грижа.

Нашиот тим на високо обучени и специјализирани вработени успешно ги реализира царинењата на секаков вид на стоки и се грижи вашето работење да биде секогаш во согласност со царинскиот закон на Република Македонија.

Комплетни услуги на царинско застапување:

– Редовен / привремен увоз и извоз, реекспорт
– Облагородување,
– Поедноставени постапки за локално царинење при увоз и извоз,
– Подготовка на документи за транзитна постапка и поедноставена постапка / овластен испраќач
– Пријава на стока во царинско складиште со поедноставена постапка / овластен приемач,
– Изршување на постапки во слободните економски зони во Македонија

Ние Ги Поместуваме Границите! 

Нашата мрежа на 16 подружници од кои 6 гранични подружници Ви овозможува изработка на секаков вид на транзит на стока 24/7/365.
Освен обичен транзит од граничен премин на Република Македонија до внатрешна царинска испостава, на нашите клиенти и превозници им нудиме меѓународен транзит со што се овозможува полесно и побрзо движење на стоката со поднесување на единствена транзитна декларација во електронска форма во местото на поаѓање која важи сè до местото на одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите.
Република Македонија е членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (НЦТС) од јули 2015 година. Нејзини членки покрај Република Македонија се и земјите на ЕУ, ЕФТА, Република Турција и Република Србија.

НЦТС претставува основа за спроведување на транзитната постапка преку размена на електронски пораки помеѓу застапниците во царинската постапка и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави. За таа цел Виатор & Вектор Скопје поседува и верифицирана кај надлежниот царински орган транзитна гаранција на износ од 520.000.000 денари (8.500.000 €).

Како лидери во меѓународниот транзит особено сме горди на нашиот успех и првиот изработен меѓународен транзит на цигари во југоисточна Европа.