Виатор & Вектор е член на CPN, најголемата Меѓународната асоцијација во областа на логистиката.
CPN – Cargo Partners Network Inc, со седиште во Канада, е светско здружение за транспорт, шпедиција и логистички компании. Преку својата мрежа е присутна во 75 земји на светот и гарантира лесен и едноставен проток на стока од добавувачот до клиентот. Таа се грижи за развој на логистичката активност, обезбедува советување и стручна помош за организацијата и спроведувањето на авионскиот и поморскиот транспорт на стоки, како и за други логистички услуги.
