V I A T O R & V E K T O R

Се поголем е бројот на компании кои неможат да се справат со складишните капацитети. Без разлика дали се работи за мали, средни или големи компании сите се соочуваат со истиот проблем, а тоа е колку простор е доволен за складирање, колку изнесуваат тие трошоци и каков е нивниот ефект врз успешноста на компанијата.

Кај малите компании каде обртот на пратки е мал, користењето на сопствен простор предизвикува високи трошоци (режиски и трошоци за работна сила).

Кај средните и големите компании кои веќе имаат сопствени складишни капацитети токовите на производи во одредени термини низ годината ги надминуваат таквите капацитети и истите се приморани да бараат дополнителни складишни капацитети.

 

 

 

На нашите клиенти им нудиме целосно решение согласно нивните потреби за складиштен простор.

Располагаме царинско складиште и обично складиште.
Во царинскиото складиште нудиме можност за прием на пратки под царински надзор и опција за одложено увозно царинење, а со тоа и одложено плаќање на увозни давачки.

Во обичниот склад можеме да понудиме повеќе складишни опции:
броење, квалитативна контрола, етикетирање, декларирање, комисионирање, пакување/препакување, »cross-dock« операции.