V I A T O R & V E K T O R

Pallet Network

Продуктот V&V Pallet Network е наменет за помали палетизирани збирни пратки до 2.500 кгр. со максимална висина од 220 цм.

V&V Pallet Network e специјално дизајниран да ги задоволи потребите на современото работење. Истиот Ви помага при планирање на набавката на репроматеријали, планирање при испорака на готовите прозиводи и ги оптимизира нивните залихи. Со негово користење можете навремено да ги задоволите Вашите потреби и потребите на Вашите клиенти без ангажирање на дополнителни средства за одржување на високи залихи.

Продуктот е достапен за класите на товар: Генерал и АДР Карго.

Главни карактеристики на продуктот V&V Pallet Network се:

Дневна колекција

Превземање на пратка во рок од 24/48 часа по прифаќање на понудата за превоз и добивање на инструкции за истиот.

Навремена достава

Подразбира пристигнување на пратката најкасно до денот предвиден за пристигнување согласно предвиденото транзитно време дадено во понудата.

Насекаде од Европа

Со помош на продуктот V&V Pallet Network можете да ги испраќате или примате Вашите помали збирни палетизирани пратки до 2.500 кгр кон и од сите држави во Европа.

За потребите на V&V Pallet Network заедно со нашите партнери имаме развиено широка мрежа на збирни центри низ Европа. Продуктот е достапен за класите на товар: Генерал Карго и АДР Карго.

Италија, Милано / 2 тргнувања неделно (Вторник & Петок)

Шпанија, Барселона / 1 тргнување неделно (Среда)

Полска, Катовице / 1 тргнување неделно (Петок)

Словенија, Љубљана / 2 тргнувања неделно (Вторник & Петок)

Романија, Темишвар / 1 тргнувања неделно (Петок)

Србија, Белград / 3 тргнувања неделно (Понеделник, Среда & Петок)

Грција, Атина & Солун / 1 тргнување неделно (Петок)

Турција, Истанбул / 1 тргнување неделно (Петок)

Косово, Приштина / 2 тргнувања неделно (Вторник & Четврток)

Албанија, Тирана / 1 тргнување неделно (Петок)

 

2-3 работни денови: Србија

5-7 работни денови: Италија, Словенија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Романија

6-8 работни денови: Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Шпанија, Швајцарија, Полска, Унгарија, Австрија, Турција

9-11 работни денови: Обединето Кралство, Литванија, Естонија, Латвија, Португалија.

Транзитното време се пресметува од моментот кога пратката е превземена и извозно оцаринета.

Транзитното време е оценето и истото не е гарантирано.

 



V&V SEA PALLET NETWORK


Продуктот V&V Sea Pallet Network е дизајниран на клиентите им понуди поволни цени за испорака на помали пратки во морскиот транспорт (LCL). Овој продукт го оптимизира работењето така што клиентите може да нарачаат само неколку палети, без притоа да закупат цел контејнер.

V&V Sea Pallet Network се покажа како одлично решение за помали палетни пратки од Кина, Малезија, Сингапур, Тајван, Америка, Туниз, Мароко и сл. до Македонија. На нашите клиенти им ги нудиме сите можности при нарачка на помали пратки во морскиот транспорт и тоа на било кој Incoterms Paritet (EXW, FOB, CIF, DAP и сл).

Доста често кога збирните контејнерски пратки се организираат на паритет CIF, односно кога испраќачот го плаќа превозот, примачите се среќаваат со многу високи трошоци во допремното пристаниште. За да се избегнат овие трошоци на нашите клиенти им препорачуваме организација на превоз на збирни контејнерски пратки на паритет EXW или FOB каде што истите нема да имаат никакви скриени трошоци.

Преку нашата мрежа на агенти можеме да преземеме збирна контејнерска пратка од најголемите пристаништа во регионот како што се Пиреја и Солун во Грција, Ријека во Хрватска и Копер во Словенија.