V I A T O R & V E K T O R

Иако и двата продукти се однесуваат на збирни пратки постои една суштинска разлика помеѓу продуктот V&V Pallet Network и продуктот V&V Cargo Direct, а тоа е консолидација на пратките.

V&V Cargo Direct

 

V&V Cargo Direct е продукт за пратки каде што консолидацијата на пратки не е поволно односно трошоците за нивна колекција и консолидација во централен HUB се премногу високи.

Најчесто тоа се пратки со габарит од повеќе палети, и тежина над 2.500 кгр.

Овие пратки се превзимаат директно со возило кое што е на пат за крајната дестинација и истите се превзимаат од адресата на испраќачот и се доставуваат директно до крајниот корисник.

Оттука и самото име на продуктот V&V Cargo Direct.

 

V&V Cargo Direct

 

V&V Pallet Network е продукт специјално наменет за мали пратки.

Најчесто тоа се пратки со габарит од една кутија до една или две палети. Во логистиката најчесто се тоа пратки до 2.500 кгр. Колекцијата на овие пратки се врши со помали возила од адресата на испраќачот до централен HUB каде што се врши нивна консолидација и испорака со едно возило до наредниот HUB, од каде што се доставуваат до крајниот корисник.

Постигнувањето на конкурентни цени во оваа категорија на пратки е директно зависна од партнерската мрежа на логистички партнери низ Европа и Светот. Оттука и самото име V&V Pallet Network.

 

   Долгогодишното искуство во логистика ни овозможи да соработуваме со широка мрежа на партнери и на нашите клиенти им понудиме навистина конкурентни цени.

   За нашите партнери нема да кажеме дека се најголеми, но ќе кажеме дека тоа се најквалитетните странски шпедиции, на што сме особено горди.

   Во нашата партнерска мрежа нема да бидете само бројка во морето на други пратки.

  Продуктот со име V&V Sea Pallet Network е достапен и во бродскиот и мултимодалниот транспорт.