Виатор & Вектор ДОО Скопје.
Виатор & Вектор ДОО Скопје е компанија за развој на логистички решенија, основана во 1947 во Скопје, Македонија.
Седиштето на компанијата е во Скопје со претставништвa во сите поголеми градови во Македонија, како и испостави на сите гранични премини.
Основни aктивности
Денес Виатор & Вектор ДОО Скопје е компанија со 60 вработени со различни академски профили, големи искуства и најразлични вештини. Тимот на Виатор & Вектор ДОО Скопје е високо мотивиран и со својот талент и креативност дава придонес за успехот на проектите, како и решенијата на компанијата.
Виатор & Вектор ДОО Скопје е член на меѓународна група Viator & Vektor со вкупно 2290 вработени во 17 компании, во седум земји на југо-источна и централна Европа.
Компаниите се лоцирани во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Романија и Чешка Република.
Нашата визија e:
Да бидеме продолжена рака на стопанството и да ги убрзаме процесите на пренос на стоките до крајните потрошувачи.
Нашата цел е:
Да бидеме препознатливи во областа на интегрираните логистички услуги преку постојано подигање на квалитетот на нашите услуги.
Поставените цели ги остваруваме преку:
- Работиме напорно и придонесуваме во подигање на квалитетот на нашите услуги, а притоа постојано го следиме напредокот на целата фирма.
- Ги потикнуваме нашите вработени да создаваат дополнителна вредности и постојано да ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти.
- Се грижиме за здравјето и добросостојбата на нашите вработени.
Политиката за управување со квалитет ја остваруваме со:
- Континуирано мерење на ефектот на нашите услуги со цел постојано подобрување на квалитетот и за достигнување на задоволство кај клиентите.
- Залагање и мотивирање на тимска работа со постојано надградување на знаењето на вработените.
- Постојано следење на барањата на пазарот и конкуренциjaтa, зголемување на сопствената конкурентност и давање на интегрирани услуги на клиентите.
- Оптимална употреба на сопствените ресурси за постигање на максимални ефекти во работата а во интерес на вработените и акционерите.
- Основни елементи на политиката за квалитет се стручност, професионалност, одговорност и законитост во работењето.
Нашето мото е:
Денес да бидеме подобри од вчера,утре да бидеме подобри од денес.
Ние нудиме услуги во областите на:
- копнен транспорт (патен и железнички),
- поморски транспорт,
- воздушен транспорт,
- збирен транспорт,
- складирање,
- царинење,
- поддршка и застапување.
Виатор & Вектор ДОО е член на меѓународните организации:
-
CPN (Cargo Partners Network),
-
FIATA (International Federation of Freight Forwarders Associations),
-
IATA (International Air Transport Association),
-
IRU (International Road Transport Union),
-
UIRR (International Union of Combined Road-Rail Transport Companies).