V I A T O R & V E K T O R

ВИАТОР И ВЕКТОР ДОО СКОПЈЕ

img

ИСТОРИЈА

Виатор & Вектор ДОО Скопје е една од најстарите, водечки логистички компании во Македонија. Нејзините почетоци датираат уште од 1947 кога во Белград, Југославија беше основана компанијата Траншед Белград.


ПОВЕЌЕ >>>
img

ДЕНЕС

Виатор & Вектор Доо Скопје денеска брои повеќе од 75 вработени кои со своето искуство и професионализам можат да одговорат на сите предизвици од областа на логистиката.


ПОВЕЌЕ >>>
img

ТРАДИЦИЈА

  • Традиција и долгогодишно искуство!
  • Широка мрежа од 15 испостави низ земјата!
  • Широка мрежа на доверливи меѓународни партнери!
  • Љубезни и обучени вработени!
  • брзо и Флексибилно
  • посветено и одговорно!
  • „СЕМ” Се на Едно Место


ПОВЕЌЕ >>>

СÈ НА ЕДНО МЕСТО

»Виатор & Вектор Скопје се грижи за целиот асортиман на Вашите логистички потреби. Како дополнување на класичните логистички услуги: транспорт, царинење и складирање, нудиме и операции со додадена вредност како: прием и контрола на квалитет; сортирање, комисионирање, етикетирање, пакување и достава. Со Виатор & Вектор како Ваш логистички партнер добивате модерни логистички решенија прилагодени по Вашите потреби. «


МОДЕРНИ
ЛОГИСТИЧКИ
РЕШЕНИЈА

Често поставувани прашања

ТРАНСПОРТ

Цената за превоз се пресметува врз база на волуменска тежина и реална тежина. Параметар за пресметка на волуменска тежина е 1м3=300 кгр. Во случај кога волуменската тежина е поголема од реалната тежина, цената за превоз се пресметува според волуменот. Во случај кога реалната тежина е поголема од волуменската тежина, цената за превоз се пресметува според реалната тежина на пратката. Совет: секогаш кога барате понуда за превоз наведете ги точните димензии на пратката, како би ја избегнале можноста цената за превоз да ви се зголеми доколку реалните димензии отстапуваат од тие што вие сте ги навеле во барањето за превоз.

Транзитното време е оценето и истото не е гарантирано. Во меѓународниот транспорт постојат многу фактори кои може да го пролонгираат транзитното време.

Надоместок за касење следува само во случаите кога рокот за пристигнување е однапред фиксно договорен и превозникот истиот го потврдил.

Главна разлика меѓу збирен превоз и дотовар е во консолидацијата на пратките. Под помот збирни пратки се подразбираат мали пратки со габарит од една кутија до една или две палети најчесто со тежина до 2.500 кгр. Нивната колекција се врши со помали возила од адресата на испраќачот до централниот отпремен склад каде што се врши нивна консолидација и испорака со едно возило до приемниот централен склад, од каде што повторно со помали возила се доставуваат до крајниот корисник. Во збирен превоз пратката подлежи на еден или повеќе претовари при патувањето до крајната дестинација. Како дотовари во логистиката се карактеризираат пратките каде што консолидацијата не е поволна односно трошоците за нивна колекција и консолидација во централен склад се премногу високи. Најчесто тоа се пратки од повеќе палети со тежина над 2.500 кгр. Овие пратки се превзимаат директно од адреса на испраќачот со возило што ги превезува до крајниот корисник. Дотоварите најчесто не подлежат на претовари.

Цената на горивото учествува со 35% во цената на превозот.

Немора да значи. Превозникот е одговорен за пратката за време на превозот. Меѓутоа одговорност не секој превозник ја има осигурано. Осигурувањето од превозничка одговорност (ЦМР осигурување) не е законски задолжително осигурување, но и покрај тоа голем број на превозници истото го поседуваат. Виатор & Вектор Скопје поседува ЦМР осигурување на износ од 100.000 еур. Совет: Пред да договорите било каков превоз, проверете дали превозникот поседува ЦМР осигурување.

ЦМР осигурување е осигурување од превозничка одговорност. Основа за наплата на штети по ЦМР осигурување е Меѓународната Женевска Конвенција (ЦМР), законот за договори во патниот превоз и општите услови издадени од осигурителната компанија. Една од главните премиси во ЦМР осигурувањето е докажувањето на одговорност. Во случај на оштетување на стоката, товарот за докажување дека истата е настаната по вина на превозникот е на товар на странката. Дополнително износот за надоместок се пресметува согласно нето оштетена стока, а не согласно комерцијалната фактура.

Карго осигурување е AllRisk осигурување. Истото се склучува само по барање на странката и истото дополнително се наплаќа. Основа на пресметка на карго осигурувањето е вредност на стоката, а основа за наплата на штети се исклучиво општите услови издадени од осигурителната компанија.

Карго осигурување е AllRisk осигурување. Истото се склучува само по барање на странката и истото дополнително се наплаќа. Основа на пресметка на карго осигурувањето е вредност на стоката, а основа за наплата на штети се исклучиво општите услови издадени од осигурителната компанија.

Карго осигурувањето е поврзано со типот и вредноста на стоката што се пренесува. За тип на стока која спаѓа во генерал карго, премијата за карго осигурување изнесува 0.35% од комерцијалната вредност на стоката.

Не. Превоз на пратки од физичко лице за физичко лице не организираме.

Да. Доколку станува збор за нови производи купени од правно лице во странство. За половни производи купени на лицитација не организираме превоз.

Не. Во моментов не организираме превоз на лични работи и селидби.

Не. Превоз на половни автомобили во моментов не организираме.

СКЛАДИРАЊЕ

Трошоци за манипулација (утовар/истовар), складишнина (чување) и трошоци за елементарна декларација (пријавување во царина).

Секоја комерцијална пратка која што се истовара во царински магацин се сместува на привремено чување и од царина добива рок од 20 дена да биде увозно оцаринета. Совет: Внимавајте да го запазите рокот од 20 дена како би избегнале дополнителни шпедитерски трошоци и можни казни од царинска управа.

Да. Секоја стока која што се пушта во слободна продажба мора да биде со залепена декларација на македонски јазик. Во рамки на секторот складишна логистика вршиме декларирање на различни производи, најмногу на текстил, спортска и компјутерска опрема.

ЦАРИНЕЊЕ

Цената зависи од типот царинењето (увоз/извоз), од постапката на царинење (редовно/привремено) и од типот на стоката пред се од бројот на тарифни наименованија и од бројот на ставки на комерцијална фактура.

Брзината зависи од типот на стоката пред се од бројот на тарифни наименованија и од бројот на ставки на комерцијалната фактура. Дополнително брзината зависи и од моменталната гужва на царинската испостава каде што се врши царинењето. Најголема гужва е на почеток на недела. Совет: Секогаш испратете најава барем еден ден порано кај Вашиот шпедитер како би можел истиот да ги провери документите и да ја подготви царинската декларацијата.

Да. ЕУР1 образецот го пополнува испраќачот или неговиот шпедитер, а го заверува царинарница.

Царинењето на прехрамбени производи е едно од најсложените царински постапки бидејќи царинењето на таквите производи е пропратено со дополнителни прегледи/документи (фито, санитарен или ветеринарен преглед/документ). Низ годините работење имаме акумулирано големо искуство во скоро сите типови на прехрамбени производи.

Вадењето на документите (одобренијата) за увоз на стоката е обврска на увозникот. Ние можеме само да Ви дадеме совет кои документи Ви се потребни и во која институција можете да ги извадите, но вадењето на истите не можеме да го направиме во Ваше име.

Не. Селидбени предмети не цариниме. Еден од главните проблеми со царинење на селидбени предмети или намештај добиен на поклон од странство се трошоците кои настануваат при увоз. Најчесто приемачите не се свесни дека и покрај тоа што предметите се половни (користени) во моментот на царинење за истите се плаќа царина и ддв.

ДОСТАВА

Не. Согласно законот за пошти, пошта може да доставуваат само за тоа овластени компании. Виатор & Вектор Скопје е друштво за логистика и во овој момент вршиме само B2B (business to business) достава на карго пратки.

Да. Вршиме само B2B достава на пратки низ цела Македонија. Достава C2C во овој момент не вршиме.