V I A T O R & V E K T O R

Автомобилската индустрија често има комплексна добавувачка верига и истата бара исполнување на главното начело на модерната логистика »Just in Time«. Виатор и Вектор Скопје со своето успешно и посветено работење е докажан партнер на повеќе компании од автомобилската индустрија што се потврдува со превезени повеќе од 300.000.000 евра вредни делови за добавувачи во автомобилската индустрија на годишно ниво.

Како најкористени наши продукти во областа на транспортот се продуктот V&V Cargo Max, V&V Cargo Express и V&V Pallet Network. Продуктот VV Cargo Max обично се користи за превоз на репроматеријали. Продуктот VV Cargo Express се користи во случаите кога е потребна брза и навремена достава на одреден производ или материјал заради избегнување на застој на производните капацитети.
Продуктот VV Pallet Network се користи за превоз на резервни делови за автомобили кои заради својата природа не се врзани со рокови за достава и може да патуваат неколку дена.


 

Бидејќи членовите во автомобилската верига се често врзани со рокови на испорака истите работат во 3 смени, а доста често и 24/7. За забрзување на целата добавувачка верига потребно е царинење на нивните стоки во локална постапка која што овозможува царинење и вон работното време на царинската испостава.

Виатор и Вектор е долгогодишен партнер во областа на царинењето на повеќе водечки капацитети во Република Македонија. За нашите клиенти имаме постапки за локално царинење во Скопје, Куманово, Кавадарци, Струга и Штип.

Во делот на температурно контролирана индустрија фокусот е даден на превезување на стоки кои бараат температурен режим при својот транспорт. 

Тука спаѓаат превозот на месо и производи од месо, млеко и млечни производи, смрзнати стоки, лекови на одржување, сладолед итд. Нашата долгогодишна соработка со водечките компании во оваа индустрија ни овозможи да развиеме и акумулираме знаење »know how«, кое што е од особена важност кога станува збор за превоз на температурно контролирани производи. Притоа возилата што ги ангажираме се со проверени термокинг уреди кои се редовно сервисирани и одржувани.

Во Република Македонија голем дел од овој тип на производи подлежи на режим на квоти согласно царинската регулатива. 

Начинот на увозно царинење на овие стоки во периодот на квоти побарува голема одговорност и прецизност.


Со цел да ги задоволиме барањата на клиентите во периодот на квоти нашата централа во Скопје работи 24/7.
Заради големото наше искуство во овој сегмент голем број на компании од млечната и месната индустрија ги избраа нашите шпедитерски услуги.

 

Долгогодишната соработка со водечките индустриски капацитети во Република Македонија ни овозможи да ја збогатиме флотата која ја творат нашите подпревозници со различни типови на превозни средства: мега камиони, приколичари, стандардни церади, како и специјално преработени приколки со можност за товар на лимови со ширина 2.500 мм.

Најчесто користен наш продукт во индустриското производство е продуктот VV Cargo Max пред се заради големите масовни количини на стоки кои се предмет на транспорт во оваа индустрија.

Како нераздлен дел на големите производствени погони се појавува потребата за снабдување со резервни делови за сервис на постоечките машински капацитети. 


 

Нашиот продукт VV Pallet Network е вистинско решение за превозот на резервни делови бидејќи целосно го олеснува вашето

планирање по многу поволни цени.

 

Текстилните компании имаат свои карактеристики пред се заради сезонското варирање на количините (висока и ниска сезона).

 Добавувачката верига мора да биде прилагодена согласно нивните барања како истите би можеле да одговорат и да се прилагодат на пазарните услови. 

Производителите на текстил се едни од нашите најредовни клиенти кои го користит продуктот VV Pallet Network. 

Истиот е одлично решение за дополнителните материјали кои што ги користат производителите на текстил (копчиња, конци, закачалки и сл.).

Во текстилната индустрија особено е користен и нашиот продукт VV Cargo Max и тоа за утовар на секаков вид на текстил
(во кутии и висечки текстил).


Особено чест ни е да истакнеме дека ние како шпедитери сме долгогодишни партнери на многу текстилни компании во Република Македонија.
Нашето искуство во областа на царинењето може да Ви помогне во постапките на доработки кои се особено популарни за текстилната индустрија.

Цигарите спаѓаат во категоријата на акцизна стока.

Заради тоа во оваа индустрија има место само за најголемите, најстабилните и финансиски најбонитетни шпедиции.

Виатор и Вектор ДОО Скопје е долгогодишен партнер (повеќе од 15 години) на една од водечките тобако компании во Македонија.

Нашата транзитна гаранција која што е на износ од 8.500.000 ЕУР е една од највисоките во Македонија и ни овозможува да излеземе во пресрет на нашите клиенти.

Виатор и Вектор Скопје е прва шпедиција во регионот која направи меѓународен транзит за превоз на цигари, на што сме особено горди.

Во областа на царинење на пратки за тобако индустријата имаме големо искуство и освен услуга за увозно/извозно царинење, нудиме и превзимање на акцизни маркици од надлежните инстанци, шпедитерска пратња на камионите што превезуваат цигари итд.


Што се однесува до транспортот како најкористен продукт е нашиот VV CargoMax. Нашите референти за транспорт имаат големо искуство како во превозот на режан тутун и други репроматеријали така и во превозот на цигари како готов производ.