
Ние Ги Поместуваме Границите!
Нашата мрежа на 16 подружници од кои 6 гранични подружници Ви овозможува изработка на секаков вид на транзит на стока 24/7/365.
Освен обичен транзит од граничен премин на Република Македонија до внатрешна царинска испостава, на нашите клиенти и превозници им нудиме меѓународен транзит со што се овозможува полесно и побрзо движење на стоката со поднесување на единствена транзитна декларација во електронска форма во местото на поаѓање која важи сè до местото на одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите.
Република Македонија е членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (НЦТС) од јули 2015 година. Нејзини членки покрај Република Македонија се и земјите на ЕУ, ЕФТА, Република Турција и Република Србија.
НЦТС претставува основа за спроведување на транзитната постапка преку размена на електронски пораки помеѓу застапниците во царинската постапка и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави. За таа цел Виатор & Вектор Скопје поседува и верифицирана кај надлежниот царински орган транзитна гаранција на износ од 520.000.000 денари (8.500.000 €).
Како лидери во меѓународниот транзит особено сме горди на нашиот успех и првиот изработен меѓународен транзит на цигари во југоисточна Европа.