V I A T O R & V E K T O R

Царинско складиште

Користиме Јавно Царинско Складиште (ЈЦС) со вклупна површина од 7.000 м2 од кои што 5.000 м2 се затворен царински склад и 2.000 м2 се отворен царински склад.

Дел од 260 м2 е наменет за складирање на лекови на режим од 20-250C, а дел од 20 м2 за складирање на лекови на режим од 02-080C.

Ги нудиме сите операции во складирањето како што се манипулација
(утовар/истовар/претовар), прием, чување и отпрема на стоки.

Царинското складиште поседува дозволи за овластен приемач и овластен испраќач, што овозможува возилото по пристигнување во државата да се упати директно на истовар во нашиот царински склад без притоа да мора да се јавува на царински терминал.

Доколку е потребно возилото може да истовари и само еден дел од стоката, а со другиот дел да продолжи директно до финална дестинација во внатрешноста или во странство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На пратките во нашето царинско складиште пристапуваме со
големо внимание и затоа истите можете да ни ги доверите на нас.

Нашето складиште е целосно под видео надзор и има сопствена чуварска служба.

Гаранции кои ги поседуваме во Јавното Царинско Складиште во Скопје

1.600.000 еур за складирање

800.000 еур за чување

Високите износи на гаранции кои ги поседуваме ни овозможуваат чување на секаков тип на стока: текстил, алкохол, цигари, резервни делови, електроника итд.

Секогаш кога увезувате стока во Република Македонија истата е подлежна на давачки по основ на царина и ДДВ. Нашите царински агенти со нивното долгогодишно искуство ќе се погрижат стоката која ја увезувате секогаш да биде увозно оцаринета согласно точните тарифни броеви и согласно Законите на Република Македонија.

Оптимизација на плаќање на увозни давачки може да постигнете со користење на нашето царинско складиште и сукцесивно царинење на стоката. Односно плаќате увозни давачки само за стоката која што Ви е потребна т.е. продадена. Преостанатиот дел од стоката останува во нашето царинско складиште се до Вашата наредна потреба.

Нашиот тим од посветени вработени ќе се погрижи секоја Ваша пратка да биде точно сортирана, запакувана и испратена. Брзо и ефикасно.
Нашето царинско складиште е поврзано со царинскиот програм и раздолжувањето на стока е секогаш точно и секогаш се наоѓа на точно одредена позиција во која што може да имате увид 7 дена во неделата согласно работното време на нашето складиште.

 

Доколку е потребно Вашата пратка можеме да ја спакуваме или препакуваме со што истата би била полесна за манипулација, посигурна за превоз и би се избегнале несакани оштетувања на истата.

 

Секој производ кој што е наменет за продажба на македонскиот пазар потребно е да има декларација за производот на македонски јазик. Доколку е потребно декларацијата за производ да биде залепена на самата амбалажа, испечатена и инсертирана во самото пакување на производот, ние можеме да Ви помогнеме. Нашите вработени ќе се погрижат секој Ваш производ, да добие своја декларација.

Ваши Придобивки од
Складишна Логистика

Аутсорсинг на клучните магацински активности

Дигитализација на процесот WMS – warehouse management system

Флексибилни решенија за комплетна логистика прилагодени на Вашите потреби

Додадена вредност низ целиот синџир на набавка

Целосно структуриран логистички концепт подржан од современи IT решенија за следење на процесите

Оптимизација на трошоци, зголемена ефикасност и конкурентна предност

Високо ниво на квалитет и индивидуално скроен пристап

Професионална подршка и следење на целиот логистички процес.