V I A T O R & V E K T O R

ПРЕДНОСТИ

  • Традиција и долгогодишно искуство!
  • Широка мрежа од 15 испостави низ земјата!
  • Широка мрежа на доверливиме ѓународни партнери!
  • Љубезни и високо обучени вработени!
  • Флексибилно, брзо, посветено, одговорно!
  • „СЕМ” Се на Едно Место, комплетно портфолио на логистички потреби.

ДЕНЕС

Виатор & Вектор Доо Скопје денеска брои повеќе од 75 вработени кои со своето искуство и професионализам можат да одговорат на сите предизвици од областа на логистиката.

Традицијата на развој на професинални кадри преку индивидуален пристап, резултира со креирање на вредности како упорност, посветеност, одговорност и брзина, на што се основаат партнерствата со многу реномирани домашни и странски компании, како на македонскиот така и на пазарот низ југоисточна Европа.

Во своето портфолио на услуги Виатор & Вектор Доо Скопје нуди модерни логистички решенија во кои спаѓаат: камионски, бродски и авионски транспорт, царинско застапување, царинско складирање, магацинска логистика и дистрибуција.

Со 15 испостави на територијата на Македонија и повеќе од 21 милион евра бруто годишен промет Виатор & Вектор Скопје претставува доминантна компанија во областа на логистиката, обезбедувајки услуги на компании во секој бизнис сегмент од економијата.

ИСТОРИЈА

Виатор & Вектор ДОО Скопје е една од најстарите, водечки логистички компании во Македонија. Нејзините почетоци датираат уште од 1947 кога во Белград, Југославија беше основана компанијата Траншед Белград. Во 1961 година компанијата ја отвора својата прва испостава на територијата на Република Македонија во Гевгелија, а по осамостојувањето, компанијата се реструктуира во Траншпед Македонија. Во 2008 година истата беше превземена од Виатор & Вектор Љубљана, Словенија. Компанијата во 2013 година преминува во целосна македонска приватна сопственост и оттогаш е присутна под брендот Виатор & Вектор ДОО Скопје.

Timeline

1947 – основање на Траншпед Белград, Југославија

1961 – отворена на првата испостава на Траншпед Белград во Гевгелија, Македонија

1993 – формирање на Траншпед Доо Скопје, Македонија

2008 – превземање на Траншпед Доо Скопје од Виатор & Вектор, Љубљана Словенија, формирање на Виатор & Вектор Траншпед Доо Скопје

2013 – формирање на Виатор & Вектор Доо Скопје